Фудбалерите на Милан беа поразени од Сасуоло на „Сан Сиро“ со резултат 3:1 во 14. коло од Серија А.

Росонерите направија голем чекор назад во борбата за Скудетото, а доживеајаa студен туш по големата победа на „Метрополитано“ над Атлетико во Лигата на шампионите (1:0).

Избраниците на тренерот Стефано Пиоли дури и поведоа преку Ромањоли, но до полувремето веќе беше виден пресврт. Израмнувачкиот гол за Сасуоло го донесе Самаса, Кјер си постигна автогол, а конечниот резултат го постави Берарди.

Болоња, забележа важен триумф против Специја на гости (0:1), а решавачкиот гол го постигна австрискиот центарфор Марко Арнаутовиќ.