Во меч со пет гола Ливерпул успеа да дојде од третата победа и да слави над Атлетико Мадрид на гостински терен.

Тимот на Клоп дојде во водство со голот на Мохамед Салах во осмата минута, само пет минути подоцна Наби Кеита го дуплираше водството. Но, следуваа два гола на Антоан Гризман, во 20-тата и 34-тата со кои донесе израмнување.

Сепак, во вториот дел Гризман направи глупост и доби заслужен црвен картон, откако стартуваше во главата на Фирмино. Ливерпул ја искористи бројчаната предност и дојде до победа со голот на Мохамед Салах во 78-та минута.

Милан пак по се изгледа својата евроавантура ја завршува во групната фаза. Поразени се на гостински терен кај Порто, а стрелец на единствениот гол беше Луис Диаз во 65-тата минута.

По три кола Ливерпул е на врвот со 9 бода, по четири имаат Атлетико и Порто, додека Милан е на дното без ниту еден освоен бод.