Италијански Милан добро се испоти да за го совлада Бодо Глимнт од Норвешка во третото коло од квалификациите во Лига Европа.

Норвежаните поведоа по 15 минути за шок на „Сан Сиро“.  Чалханоглу израмни во следната минута а Коломбо по додавањето од Турчинот во 32 минута му донесе на Милан предност од 2:1.

Во второто полувреме Чалханоглу ја зголеми предноста на Милан на 3:1 во 50 минута додека Бодо намали на 3:2 преку Хауге во 55 минута.

 

Во плејофот од Лига Европа, Милан ќе игра против Рио Аве кој го елиминираше Бешикташ.