Милан со 3-0 го реши Лацио на „Олимпико“ во Рим, убедлива победа со еден спектаклуларен гол на Хакан Чалханоглу.

Турчинот го доведе во водство Милан во 23 минута, десет минути подоцна погоди Ибрахимовиќ од пенал. Во вториот дел во листата на стрелците се запиша и Ребиќ кој влезе в оигра на местото на повредениот Ибрахимовиќ.

Милан сега е на шестото место со 46 бода, има дури 14 помалку од Аталанта на четвртото место.

Голот на Чалханоглу за водство на Милан, веројатно е еден од најубавите викендов во фудбалска Европа.