Милан се справи со Венеција и го скрши отпорот на противникот во второто полувреме, клубот од Милано доминираше но до победата стигна потешко од очекуваното.

Диаз и Хернандез со по еден гол ја скршија Венеција во второто полувреме, головите ги реализираа во 68 и 82 минута за четврта победа во Серија А.

Милан, Интер и Наполи кој има и натпревар помалку, се трите екипи кои се без пораз во калчото.