Милан со голот на Анте Ребиќ во 71 минута ја победи Бреша на гости и ја запиша третата едно по друго победа во калчо лигата.

Ребиќ на последните два меча три пати се запиша во листата на стрелците. Ибрахимовиќ одигра комплетни 90 минути, имаше прекрасна шанса во првиот дел.

За Бреша ова беше осми пораз дома, и важи за една од најслабите екипи кога игра пред своите навивачи.