Фудбалерите на Милан ја запишаа деветата победа во десетиот натпревар во Серија А откако го совладаа Торино со 1:0 на домашен терен во 10 коло од најсилното фудбалско првенство на Италија.

Единствениот гол на мечот го постигна Оливие Жиру во 14 минута по додавањето на Круниќ.

Со ова Милан ја продолжи победничката низа во Италија по која дојде на три бода пред наполи на врвот на табелата, наполитанците во четврток ја дочекуваат Болоња во ова коло од Серија А.

Standings provided by SofaScore LiveScore