Милан од 0-2 до победа со 4-2 против Селтик во Европа лигата, со новите три бода тимот од „Сан Сиро“ има 10 на табелата на која е на првата позиција пред Лил кој има 9, Спарта Прага со 7 и екипата од Шкотска со само бод.

Селтик поведе со головите на Рогиќ и Едуард, по 14 минути игра водеше со 2-0. Чалханоглу и Кастиљехо му донесоа израмнување на Милан, голот на Турчинот беше неверојатен од слободен удар.

До крајот на мечот „росонерите“ уште два пати ја погодија мрежата на противникот, погодија Хауге и Дијаз за конечни 4-2.