Милан си направи проблем во битката за Лигата на шампионите, неуспевајќи вечерва да победи против Каљари.

Росонерите иако фаворити на домашен терен одиграа 0:0 против тимот од Сардинија, кој веќе обезбеди опстанок во елитата.

Проблем плус за Милан е што сега мора да победат во последното коло против Аталанта, која пак сака да ја задржи втората позиција на табелата.

Милан и денеска можеше да остане без ниту еден бод, но голманот Џанлуиџи Донарума во два наврати го спаси својот гол.

Со ова реми Милан е трет со 76 бода, колку што има и Наполи на четвртата позиција, еден помалку има Јувентус кој е петти. Аталанта е единствениот тим што покрај Интер обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Standings provided by SofaScore LiveScore