Милан во финишот на мечот против Атлетико Мадирд на гости стигна до победа и остана во игра за пласман во елиминациите од Лигата на шампионите.

Херој на тимот од Милано беше Жуниор Месиас, кој по асистенција на Кеси стрелаше со глава во 87-та минута. Тоа на крајот и единствениот гол со кој Милан стигна до четири бода.

Оваа шампионска вечер беше успешна и за италијанскиот шампион Интер. Откако прво сами си ја завршија работата со победата над Шахтјор, обезбедија и пласман во елиминациите откако Шериф Тираспол беше поразен од Реал Мадрид.

Кралскиот клуб до победата стигна со головите на Давид Алаба, Тони Крос и Карим Бензема.

Ливерпул стигна до победа против Порто на домашен терен со 2:0. За црвените стрелаа Тиаго Алкантара и Мохамед Салах.

На коло пред крајот во групата А, Ливерпул е максимален и сигурно прв со 15 бода, пет има Порто на втората позиција, додека по четири имаат Атлетико Мадрид и Милан. Во последното коло Атлетико игра со Порто, додека Милан со Ливерпул.

Во групата Д пак Реал Мадрид има 12 бода на првата позиција, Интер е втор со 10 и тие два тима се сигурни во елиминациите, Шериф е трет со шест бода и ќе патува во Лигата на Европа, додека на последната позиција е Шахтјор со само еден бод и по последното коло од групната фаза ја завршува авантурата во Европа.