Милан успеа да дојде до многу важна победа со 2:0 против Беневенто во битката за пласман во Лигата на шампионите.

Росонерите поведоа со голот Хакан Чалханоглу уште во шестата минута.

Кончените 2:0 пак беа дело на одличниот лев бек на Милан, Тео Хернандез.

Со оваа победа Милан има 69 бода и се искачи на втората позиција, но уште кога своите натпревари ги играат Аталанта, Јувентус и Наполи, може да паднат повторно на петтата позиција, каде што беа пред ова коло. Беневенто пак го очекува жестока и тешка битка за опстанок, бидејќи е на 18-тата позиција со 31 бод, колку што имаат и Каљари и Торино, кои во моментов се над нив на табелата, но тек треба да ги одиграат своите натпревари.

Standings provided by SofaScore LiveScore