Милан води по првиот дел против градскиот ривал Интер со 2-1 благодарение на двата гола на Златан Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот покажа дека паузата поради прележаниот коронавирус не оставила трага на неговата голгетерска форма и со два погодоци во три минути му донесе водство на Милан.

„Црвено  црните“ дојдоа во водство во 13 минута, откако Хандановиќ најпрво го одбрани пеналот на Ибрахимовиќ, но беше немоќен да спречи водство по одбиената топка, која Швеѓанецот од втор обид ја смести во голот.

Само три минути подоцна, Ибрахимовиќ му донесе водство на Милан од 2-0.

Резултатска неизвесност пред истекот на полувремето донесе Ромел Лукаку .