Фудбалерите на Борусија Дортмунд им се вратија на победите во Бундес Лигата откако славеа на гостувањето кај Вердер Бремен со 2:1 со головите на Гереро и Ројс.

Штутгарт се спаси од пораз на домашен терен против Униор Берлин, натпреварот заврши 2:2, домаќинот израмни во 90 минута со вториот гол на Саша Калајџиќ. Дарко Чурлинов не влезе во игра на овој меч.

 

Претходно Ајнтрахт Ф. И Борусија М ремизираа 2:2 а без голови заврши дуелот на Херта и Мајнц.