Борусија Дортмунд победи на гостувањето кај Херта со 2:1 во 13 коло од Бундес лигата и со ова фати приклучок во трката за водечките позиции на табелата .

Санчо и Азар во 15 и 17 минута ги постигнаа головите за „Милионерите“, за Херта прецизен беше Дарида во 34 минута.

Лајпциг славеше на гостувањето кај Падерборн со 3:2 а мечот го обележи прекрасниот гол на Сабитзер.

На останатите два натпревари, Клен и Аугзбург ремизираа како и Хофенхајм и Дизелдорф.