Борусија Дортмунд го освои германскиот Супер Куп откако во финалето го совлада Баерн Минхен со 2:0.

Баварската доминација не донесе ништо посебно во првото полувреме па на стартот од вториот дел, „Милионерите“ преку Пако Алкасер поведоа со 1:0 а конечните 2:0 ги постави Санчо по асистенцијата на Гуереро во 68 минута.

Баерн Минхен имаше седум удари во противничкиот гол, три повеќе од Дортмунд, го имаше поседот на топката и бројот на шанси но на крајот мораше да се помири со пораз.