Борусија Дортмунд второ коло по ред не успева да ја зачува предноста и да освои три бода во Бундес лигата.

Во минатото коло ремизираа со Ајнтрахт Франкфурт 2:2 и покрај тоа што два пати беа во водство, денес со ист резултат го завршија дуелот со Вердер Бремен на домашен терен.

„Милионерите“ водеа со 2:0 по првото полувреме со головите на Гетце и на Ројс кои беа одговор на реализацијата на Рашика во 7 минута.

На ова следуваше одговор од Фридл во 55 минута за 2:2, резултат кој остана непромент до крајот и покрај влегувањето во игра на Брандл и на Алкасер.

Сега Борусија Дортмунд  на табелата во Бундес лигата е на седмото место со 11 бода, три повеќе има лидерот Баерн Минхен.