Борусија Дортмунд вчера ги започна подготовките за новата сезона, одлучи да се дистанцира од стандарната тренинг база и воведните тренинзи да ги реализира на поголема надморска височина.

Првотимците имаат можност да се дружат возејќи велосипеди и порелаксирано да му пристапат на воведниот дел од подготовките.

Секако во прв план е трансфер сагата со Санчо, од бундеслигашот тврдат дека тој останува со нив. Денеска и капитенот на тимот Матс Хумелс изјави дека е среќен што Санчо останува со нив во новата сезона.

Од Англија најавуваат дека крилниот напаѓач сепак ќе пристигне во Јунајтед до крајот на трансфер летото, во моментов „Милионерите“ наводно се обидуваат да добијат повеќе пари од трансферот и да предизвикаат паника кај челниците на тимот од „Олд Трафорд“.