Борусија Дртомунд води со 2:0 на паузата во дербито против Шалке 04 во 26 коло од Бундес лигата.

Резултатот го отвори Ерлинг Халанд во 29 минута, на 2:0 зголеми Гуереро во 45 минута.

Волфзбург поведе на гостувањето кај Аугзбург со 1:0 со голот на Штефен во 43 минута.

Изненадување по првите 45 минути го приреди Фрајбург на гостувањето кај Лајпциг. Со голот на Гулд во стилот на Кристијано Роналдо, гостинот поведе во 34 минута.

По првиот дел немаше голови на дуелиоте на Фортуна Д. – Падерборн и на Хофенхајм – Херта.