Партизан го победи Молде во Белград со 2-1 и со минимална предност ќе патува на реваншот во Норвешка.

Српскиот тим до победата стигна со пресврт, Молде поведе преку Матијас Боли минута ред крајот на првиот дел.

Партизан израмни преку Сума буквално во последната минута на првото полувреме. Конечните 2-1 ги постави Зоран Тошиќ во 84 минута.

Натпреварот во Белград се одигра пред празни трибини, имаше само 5000 дечиња со своите тренери по дозволата на УЕФА.

Реваншот се игра за седум дена во Норвешка.