Фудбалерите на Саутемптон ја совладаа Астон Вила со 1:0 во мечот 11, коло од Премиер лигата.

Голот на одлука го постигна Адам Армстронг во третата минута од играта.

Тоа беше втор гол сезонава за еден од најдобрите напаѓачи во Чемпионшип минатата година.

Капитенот на Саутемптон Џејмс Вард Праус се обиде да ја нафрли топката  на средината од теренот, таа стигна до Че Адамс кој одигра одлична повратна топка на која налета Амстронг и постигна погодок кој се покажа одлучувачки.

Со оваа победа Саутемптон се искачи на 12. место со 14 бодови, додека Виља е 15. со 10.

Тимот од Бирмингем во следното коло ќе го пречека Брајтон, додека Саутемптон ќе игра против Норич.