Откако Динамо Киев, Олимпијакос и Ференцварош обезбедија пласман во групната фаза во Лигата на шампионите на УЕФА, тоа вечерва го направија и Митјиланд, Салцбург и Краснодар.

Краснодар славеше на домашен терен со ПАОК со 2:1 и со вкупни 4:1 обезбеди пласман во групната фаза.

Митјиланд по ремито без голови во Прага, вечерва славеше со 4:1 против Славија.

Салцбург по втор пат го победи Макаби Тел Авив, денеска со 3:1 и со вкупни 5:2 обезбеди европска есен.