Избраниците на Благоја Милевски во деби настапот од квалификациите за Еп во 2021 на полувреме имаат предност од 3-1 против врсниците од Фарски Острови.

Нашите фудбалери лошо го започнаа мечот и по 19 минути Фарски Острови со удар од белата точка го отворија резултатот. Стрелец на голот беше Андреасен.

 

Сепак нашите фудбалери брзо се консолидираа и во рок од 6 минути со головите на Митровски и Чурлинов направија комплетен пресврт, а Митровски во судиското продолжение од првиот дел стрелаше по втор пат во мрежата на гостите.