Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ имаше емотивна ноќ по победата на Хрватска против Кипар од 1:0 во 2 коло од мундијалските квалификации.

Мордиќ го одигра 135 натпревар во националниот дрес и со ова го помина Дарио Срна на вечната листа по бројот на настапи за Хрватска.

За време на вечерта, беше емитувано видео со кое му се изрази благодарност на Модиќ за се што досега направи за Хрватска, на што следуваше и честитки од соиграчите кои предизвикаа солзи на лицето на плејмејкерот.