Роналдињо беше почесен гостин на мечот од Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и РБ Лајпциг, кој парижаните го добија со 3:2.

Бразилецот пред мечот срдечно се поздрави со Лионел Меси. Роналдињо и Меси се големи пријатели уште од времето кога беа заедно во Барселона. Меси се воодушеви чим го виде Роналдињо, а потоа се прегрнаа и разговараа.

Видеото веднаш стана хит на социјалните мрежи.

Ако на Меси му беше мило, така не е со фановите на Барселона. Ним им пречи наклонетоста на Роналдињо кон ПСЖ, кој ја покажува последниов период.

Да потсетиме, ПСЖ беше прв клуб на Роналдињо во Европа, а од таму во 2003-та година замина во Барселона, каде ја пишуваше фудбалската историја.