Фудбалерите на Монако не ја оправдаа фаворитската улога против Ремс на домашен терен во 27 коло од Лига 1.

Голот на Бен Једер од пенал во 31 минута се покажа како недоволен за Монако да ги освои трите бода.

Камара реализираше во 58 минута за конечни 1:1, што воедно представува седми нерешен резултат на Монако оваа сезона, гостинот по 11 пат освои бод.