Монако врза две победи по ред во Лига 1, откако вечерва на домашен терен го совлада Брест со 4:1.

Бен Једер, Слимани, Мартинс и Кеита ги постигнаа головите за победникот кој по првото полувреме имаше предност од 1:0.

Со оваа победа Монако напредуваше на 12 место на табелата. На последните пет натпревари, оствари скор од две победи, две нерешни и еден пораз.

 

 

Во следното коло Монако ќе му гостува Монпелје, а Брест ќе го пречека Мец.