Во натпреварот  од осмото коло на францускиот фудбалски шампионат Монако, предводен од хрватскиот стручњак Нико Ковач, го победи Клермонт со 3:1 на гости и дојдоа до третата победа сезонава.

Домаќинот поведе во седмата минута со голот на Мохамед Беј, но Монако го промени резултатот со три гола. Висам Бен Једер израмни во 26. минута, Кевин Воланд го донесе тимот од Кнежеството во водство во 48. минута, а победата на тимот на Ковач ја потврди Софијан Диоп во судиското надоместување.

Со победата, Монако се искачи на осмото место во првенствениот пласман со 11 бода и се доближи до врвот.