Избраниците на Диего Симеоне реалтивно лесно дојдоа до трите бода на гостувањето кај Мајорка победувајќи со 2:0 во шестото коло од Ла Лига.

Головите за гостите ги постигнаа, Диего Коста во 26 минута по асистенцијата од корнер на Коке и Жоеа Феликс кој реализираше во 65 минута и со мала помош на противничката одбрана го зголеми водството за својот тим.

 

Несватливо беше однесувањето на Алваро Мората доби шанса во 69 минута заменувајќи го Диего Коста но помладиот напаѓач во 77 минута доби жолт картон а по расправијата со судијата беше испратен во соблекувалната.

Нашиот репрезентативец, Александар Трајковски влезе во игра во второто полувреме, конкретно во 63 минута на местото на Жуниор но ни тој ни резервистите Алегриа и Пратс не променија ништо посебно во играта на домаќинот за избегнување на четвртиот пораз сезонава.