Фудбалерите на Монако се израдуваа на втората победа во низа во Лига 1 откако потешко од предвиденото славеа на гостувањето кај Амиен со 2:1.

Домаќините со голот на Гирасу во 9 минута донеса радост на навивачте на „Стад де ла Ликорн“.

Во второто полувреме, Бен Једер реализираше во 85 минута за израмнување.

Конечните 1:2 беа дело на резервистите Слимани и Фабрегас во 92 минута.

Со оваа победа Монако го задржи 5 место на табелата со 35 бода, еден помалку имаат Бордо и Монпелје.