Дефанзивецот на Волфсбург Пауло Отавио заработи директен цвен картон, а Мунас Дабур од Хофенхајм за среќа мина без поголеми последици.

На мечот меѓу овие два тима се случи можеби и најгрубиот старт оваа сезона, кога Отавио го собори напаѓачот Дабур.

Хофенхајм водеше со 2:1 кога изведе контранапад, а Дабур имаше шанса да ја зголеми предноста откако се најде пред празниот гол, бидејќи и голманот на Волфсбург отиде во противничкиот шеснаесетник при корнер, но Отавио немаше милост и грубо со две нозе од позади го покоси офанзивецот на Хофенхајм.