Тројцата македонски репрезенативци, Горан Пандев, Елиф Елмас и Илија Несторовски и в година ќе бидат дел од Серија А (ако нешто не промени трансфер летото.).

Ова е елилогот по последното 38 коло во Серија А, откако од претходно, Елмас и Несторовски изборија опстанок со Наполи (тимот на Гатузо ќе игра во Лигата на Европа) и Удинезе, тоа вечерва го направи и Пандев со Џенова.

Нашиот репрезентативен капитен беше асистент на вториот гол на Џенова во победата над Верона од 3:0.

Парма со триумфот над Лече од 4:3 ја запечати судибината на овој тим кој им се приклучи на Бреша и Спал кои в година ќе играат во Серија Б.

Илија Несторовски влезе во игра за Удинезе во 83 минута в победата над Сасуоло од 1:0 на „Цита Дел Триколоре“. Болоња и Торино одиграа 1:1.

Во ЛШ во следната година од Серија А ќе играат Јувентус, Интер, Аталанта и Лацио а во Лигата на Европа: Рома, Милан и Наполи.

Standings provided by SofaScore LiveScore