Тотенхем вечерва ќе допатува во Скопје, нема да одржи тренинг ниту прес конференција, Жозе Мурињо тоа го направи во Лондон.

Португалецот ги убедлувал своите играчи дека Шкендија е незгоден противник, нема опуштање, и победата треба да се заслужи на терен, во Скопје ќе го донесе и Деле Али, но неизвесно е дали ќе игра.

„Секогаш сакам да ги убедам играчите дека секој следен натпревар е тежок, така беше во Бугарија, така ќе биде и против Шкендија, нема лесни натпревари. Деле Али ќе биде во комбинација з аовој натпревар, но за место во тимот ќе мора да се потруди да го заслужи“  – изјави Мурињо на прес конференцијата пред патувањето за Скопје.