Тотенхем го донесе и третото велшко засилување, откако во последните часови од преодниот рок во Премиерлигата потпиша со дефанзивецот Џо Родон.

22-годишниот велшки дефанзивец доаѓа од Свонси како засилување на Жозе Мурињо во одбраната по заминувањето на Јан Вертонген и Хуан Фојт.

Родон е третиот фудбалер од Велс, кој доаѓа во тимот на Мутињо овој преоден рок, по Бен Дејвис и Герет Бејл.

Родон потпиша пет годишен договор, а Тотенхем за него плати 11 милиони фунти.