Екипата на Лацио ја победи Рома (3: 2) како домаќин во римското дерби, кое се одигра во 6. коло од Серија А.

Стрелци за Лацио беа Милинковиќ-Савиќ, Педро и Фелипе Андерсон, додека на другата страна погодија Ибанез и Верету.

Педро стана само третиот фудбалер во историјата кој постигнал голови за Рома и Лацио во римските дерби.

Римското дерби ги исполни очекувањата, гледачите можеа да уживаат во борбата на теренот. Пет гола, многу шанси и искри го одбележаа натпреварот, а на крајот големото славје му припадна на Лацио, Рома поразена а Мурињо со реакција.

Тренерот на „волчицата“ ги собра по мечот играчите на Рома и им одржа мотивациски говор по поразот, тој се жалеше и на судењето.

„За жал на ваков фантастичен натпревар судијата и неговите колеги во ВАР собата не беа на висината на задачата. Не досудија пенал, а во продолжението од акцијата противникот постигна гол. Значи во тие моменти наместо 1:1, резултатот беше 2:0“ – рече Мурињо.