Жозе Мурињо со победа дебитираше на клупата на Тотенхем на гости кај Вест Хем со 3-2, Португалецот со стил ја започна новата авантура во кариерата.

Тотенхем имаше предност од 3-0 со головите на Сон, Лукас Моура и Кејн но дозволи во финиот да стравува за победата.

Вест Хем не се предавше и со голот на Антонио  во 73 минута дојде до резултат за неизвесна завршница.

Пред крајот на средбата на Вест Хем му беше поништен гол поради офсајд кој го постигна Рајс во 90 минута но потоа погоди Огбона во 96 минута но тоа беше задоцнет финиш.

Тотенхем победи за прв пат по пет натпревари во Премиерлигата и со новите три бода има 17 на контото. Вест Хем останува со 13 во долниот дел на табелата.