Контролниот натпревар меѓу Порто и Рома мина во знакот на жестоките стартови, караници и мешаници кои вообичаено се дел од натпревари кои значат многу повеќе.

Пријателскиот натпревар заврши 1:1 а во 65 минута по еден старт на Пепе над Михтарјан, Ерменецот реагираше, се вмеша и Мурињо а потоа сите на клупите на двата тима решија физички да се пресметаат, за среќа немаше посериозни проблеми или пак повредени.