Жозе Мурињо и Тотенехем сериозно му пристапуваат на вечерашниот натпревар против Шкендија, лесни противници нема, Португлацот тоа јавно го соопшти.

„Знаеме каква е одгвороноста за нас на овој меч, сериозно влеговме и во Бугарија, но не бевме многу успешни, можеше да има несреќен епилог, имавме искуство од таму кое ќе помогне на оваа средба, еден натпревар е незгодна работа“ – изјави Мурињо.

Инаку Тотенхем по доаѓањето во Скоје, едноставно се забарикадира во хотел Хилтон и не излегуваат се до натпреварот вечерва на арената „Тодор Проески“ од 20 часот, пренос на МТВ.