Тренерот на Рома , Жозе Мурињо уште еднаш покажа дека е уникатен во тренерскиот фудбалски свет , исполнувајќи го ветувањето дадено на својот фудбалер, на кој му вети патики од 800 евра доколку постигне погодок.

Младиот 18-годишен фудбалер во финишот од натпреварот влезе во игра и постигна два гола со што стана
првиот играч кој е роден 2003 година да даде два или повеќе голови на натпревар во Серија А.

Младиот фудбалер на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа дека Мурињо си го исполни ветувањето.