Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, смета дека го најде фудбалерот со чија помош ќе реши голем дел од проблемите во екипата.

Лекот го најде во Шкотска, во екипата на Глазгов Ренџерс. Се работи за хрватскиот фудбалер Борна Баришиќ (27). Овој лев бек сезонава воодушевува со своја игра за Глазгов Ренџерс, а според информациите на San”, овој трансфер е тежок 26 милиони евра.

Мурињо сезонава кубури на позицијата лев бек, бидејќи Рајан Сесињон не се справува со своите дефанзивни задачи, а неговата единствена алтернатива, Јан Вертонген, воглавно игра на стоперската позиција. Ова исто така значи дека Мурињо целосно се откажа од Дани Роуз, кој како лев бек е позајмен во Њукасл.