Португалскиот фудбалски стратег, Мурињо со помош на најновата технологија се обидува за кратко време да ја подигне формата на Рома.

За таа цел на тренинзите е вклучен систем за следење со помош на дрон, по што тренерот може полесно да им укаже на играчите за работите кои сака да ги промени во тимот.

Рома со Мурињо се надева дека повторно ќе се врати во битката за водечките позиции во Серија А а со тоа и во Лигата на шампионите.