Португалскиот стратег Жозе Мурињо денес ја одржа првата прес-конфернција по неговото превземање на Тотенхем. „Специјалниот“ речиси една година беше без работа откако во декември минатата година доби отказ во Манчестер јунајтед.

Мурињо веднаш беше запрашан зошто прифатил да биде нов менаџер на Тотенхем кога во 2015 година, како тренер на Челси, изјави дека никогаш не би можел да го направи тоа, а португалецот имаше оригинален одговор, велејќи дека тоа бил период кога бил пред отказ од тимот на „сините“.