Минатогодишниот вицепрвак во Лигата на шампиони, тимот на Тотенхем е во големи проблеми, бидејќи имаат негатива од 1-2 против Олимпијакос во рамки на 5.коло од шампионската лига.

Гостите најавија изненадување уште во 6 минута со голот Ел Араби, а предноста ја зголеми Семедо со погодокот во 19 минута. Домаќините со голот на Деле Али во судиското продолжение од првиот дел ги задржаа шансите да останата непоразени.

Доколку Грците слават ќе ги задржат математички шансите за втората позиција која им припаѓа на Спарс, но исто така ќе бидат во пол позиција  во однос на Црвена Звезда за третото позиција која носи место во Лига на Европа на пролет.