Лидерот во шпанското фудбалско првенство, Атлетико Мадрид брзо реагираше по заминувањето на Диего Коста, откако успеа да го ангажира Муса Дембеле од Лион.

Напаѓачот во Мадрид пристигна како позајмен играч за што „Јорганџиите“ на Лион му исплатија 1.5 милион евра, ако Симеоне реши да го задржи во јуни ќе треба да издвои уште 35 милони евра.

Муса Дембеле се поврзуваше и со трансфер во Ливепрул и Тотенхем, но клубовите од Англија не испратија конкретна понуда оваа зима.