Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром одлиграа одличен натпревар на турнирот во Сараево во рамките на АБА 2 лигата откако славеа против Ловќен со 96:55.

Воведната и третата четвртина се покажаа како клучни во играта на „Металците“, периоди во кои македонскиот првак постигнуваше повеќе од двојно повеќе поени од противникот.

Во шестата овосезонска победа на МЗТ Скопје Аеродром, Дамјан Стојановски постигна 15, Гравет 13 а Крстевски 13 поени, двоцифрени беа и Карачиќ со 12 и Бојиќ со 11 поени.

Во следното коло во „балонот“ во Сараево, „Металците“ ќе играат против Младос од Земиун на 7 март од 16 часот.