Славниот тим од Торино, Јувентус по повеќе од 100 години егзистенција само во Серија А (до денес Интер остана единствениот кој не играл во Серија Б), поради фамозниот скандал „Калчополи“ во 2007 година на денешен ден избори кам-бек во елитата на Италија.

Со горчина во устата, Дел Пјеро, Трезеге, Недвед, Каморанези, Занети… и Бириндели ја прославија титулата во Серија Б.

Ова за нив беше пораз но и победа (според нив за спортската неправда која му беше нанесена на Јувентус).

Јувентус сезоната 2006-2007 ја заврши како прв во Серија Б со 28 победи, 10 нерешени и 4 порази. Прв стрелец беше Дел Пјеро со 20 голови, Трезеге постигна пет помалку а Недвед 11 пати реализираше во втората по ранг лига во Италија.

Просечната посетеност на „Олимпико“ беше 18,085 гледачи по натпревар.