Горан Пандев и Интер се сеќаваат на титулата во Лигата на шампионите, пред 10 години на денешен ден во Мадрид беше совлада Баерн Минхен со 2-0, клубот од Милано ја потврди „триплетата“.

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев со македонско знаме ја прослави титулата, тој е трет Македонец што стигнал до трофејот во Лигата на шампионите по Панчев и Најдовски.

Интер во 2010 година под раководство на Жозе Мурињо освои се што можеше да освои, тоа беше историска година за клубот од „Џузепе Меаца“  и секако за Горан Пандев.