Најголемата трагедија во фудбалот која однесе  328 животи се случи на денешен ден пред 56 години во Лима, Перу.

На стадионот „Насионал“ во Лима, Перу ја пречека Аргентина во квалфикациите за Олимписките игри.

На Перу му беше потребен нерешен резултат за да биде поблиску до пласман на ОИ во Токио…

Аргентина поведе со 1-0, на трибините имаше 53.000 гледачи, тензијата растеше, Перу постигна гол, но судијата го поништи поради прекршок во напад.

Тогаш настана големата трагедија незапамтена во фудбалот…