Пред точно 30 години, на 25 јуни во финалето на Европското првенство Холандија ја совлада селекцијата на СССР со 2-0, а Марко Ван Бастен го постигна погодокот кој се раскажува и денес.

„Арнолд Мирен нафрли од левата страна. Планирав да ја смирам таа топка и да додадам до Гулит. Други опции баш и немав, но си помислив: „Баш ми е гајле, ќе шутирам па што сака нека биде.“ На крај, топката заврши во мрежата.“ – раскажува Ван Бастен.