Мауро Икарди продолжува да дава голови во Лигата на шампионите, по голот за победа над Галатасарај, Аргентинецот се запиша во листата на стрелците и против Клуб Бриж.

Аргентинецот погоди во 7 минута од средбата за водство, ова е втор гол за Икарди во Лигата на шампионите сезонава во дресот на „светците“.