Интер со пеколни 45 минути во првиот дел ја реши Рома на „Олимпико“ со 3-0, момент на мечот беше голот на Чалханоглу од корнер.

Чалханоглу погоди директно од корнер во 15 минута, потоа Џеко и Дамфрис погодија за убедлив триумф против Рома.

Интер на табелата има 37 бода на второто место, бод помалку од лидерот Милан, и бод повеќе од Наполи  кој има и средба помалку, вечерва игра со Аталнта.

Рома по денешниот пораз останува на 25 бода на своето конто и во моментот е на 5-то место.